Почеток БАЛКАН Мицковска: Животните не се играчка, ниту оружје за препукување

Мицковска: Животните не се играчка, ниту оружје за препукување

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска, во името на вработените, побара итна деполитизација на Зоолошката, без закани и притисоци од надворешни лица, кои не поминале ниту ден со вработените и со животните за да знаат како им е.

Таа уште еднаш нагласи дека сите вработени се оградуваат од пуштените политички соопштенија во јавноста, во нивно име.

 -Никогаш порано не се случувало да имаме надворешен притисок за што било. Таму сме биле за животните и ќе бидеме без разлика на сè. Некој решил да им се посвети на животните, а некој, поради политички циркус, може да уништи нешто што се градело со години, од посветени луѓе и професионалци (без разлика на нивната (не)политичка припадност, која ја оставале и ја оставаат надвор од ЗОО Скопје) – заклучи Мицковска.

Мицковска напиша на Фејсбук дека го разбира гневот на сите посетители и на скопјани, но вели дека нејзините колеги, кои, како што нагласува, ѝ го посветиле животот на таа Зоолошка и се борат за таа установа, не заслужуваат да шетаат со главите надолу веќе подолг период.

– Цела јавност се вознемири, а замислете како ни е нам, кои сме дел од Зоолошката, кои се бориме животните да имаат достоинствен живот, иако се во заробеништво. Таму сме за нив, таму сите вработени доживеавме огромни стресови изминатиот период, најмногу поради политички игранки. Наместо горди дека даваат сè од себе, засрамени сме затоа што други немаат срам (а знаеме што значи отсуство на срам во психологијата). Ние не сме виновни што едно место каде што живеат живи суштества (за најголема жал, во заробеништво), кои ги гледаме како фамилија, веќе подолг период е цел на политички глупости, заканувања и препукувања… Здравјето и претрпениот стрес на овие луѓе никој нема да ги врати… И никој нема да ги врати животните што ги изгубивме. Никој не може да знае и да замисли каква болка чувствуваме – заклучи Миицковска.

 (А.П.)

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro