Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Пукање во Арачиново: На Клинички донесен 42-годишен маж со прострелна рана во ногата

Пукање во Арачиново: На Клинички донесен 42-годишен маж со прострелна рана во ногата

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога, информира МВР.

– Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека околу 20 часот Ќ.Д. од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него. На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro