Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое денеска ни овозможи да имаме самостојна држава и своја самосвест, истакна на одбележувањето на 23 Октомври, премиерот Христијан Мицкоски.
„Никулците на македонската национална мисла создадени пред Илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна Организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност.
Македонската слобода не беше подарена на тацна, напротив. Македонската приказна е испишана со крв, солзи и непокор и затоа е вечна знаат да кажат тие кои ја познаваат историјата на организацијата,“ изјави Мицкоски.
Тој додаде дека подобриот живот на македонскиот народ и сите други граѓани споменати и во Крушевскиот манифест подоцна, но и борбата за да се биде свој на своето, за својот идентитет и посебност, да се биде прифатен и признаен, а таа борба не следи до денеска, и затоа велам суштината на нашата борба и нивната на историското ВМРО е иста.
„И затоа сакам овој ден да го славиме сите, и левата и десната страна од политичкиот спектар. Затоа што ВМРО е и нивна историја, во ВМРО и тогаш имало поделба на леви и десни. Сакам ова да биде празник на сите граѓани заради сплотеноста која ја демонстрирале тогаш сите од разни краеви на Македонија без разлика на етничката припадност.
Негаторски политики секогаш имало. Историјата се повторува, но секогаш како фарса. А ние мора да си тераме по својот пат, мора да сфатиме дека да имаме подобра иднина каква што сакаме и онаква држава како што заслужуваме и тоа зависи исклучиво од нас и од никој друг. Ако ние не водиме сметка за институциите, буџетот, околината, ние ќе живееме полошо,“ додаде тој.
Според Мицкоски одамна ќе бевме во ЕУ да не беа билатерални проблеми, да се потсетиме билатералните проблеми веднаш на денот на осамостојување постоеја и траат до денес.
The post 23 Октомври не поврзува во нашата цел-Македонија да е силна и напредна држава, вели Мицкоски appeared first on еМагазин.