Почеток СВЕТ Тригодишно дете со пиштол уби бебе во САД

Тригодишно дете со пиштол уби бебе во САД

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Трагедија се случи во понеделникот во САД кога тригодишно дете уби 10-месечно бебе откако пукаше со наполнет пиштол.

„Бебето беше застрелано и убиено од дете кое зеде наполнет пиштол додека беа во паркиран автомобил и го повлече чкрапалото“, соопшти полицијата, пренесе ABC.

Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.

Началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека во возилото имало жена и три деца.

– Деца на возраст од 3 и 2 години и 10-месечно бебе биле во задниот дел на возилото, рече тој.

„Едно од постарите деца се фати за наполнет пиштол што беше во задниот дел од возилото и случајно го повлече чкрапалото. Најмалото дете беше застрелано. Ова е страшна трагедија“, рече Мекманус.

Детали за случајот не се објавени. Во тек е полициска истрага.

Текстот Тригодишно дете со пиштол уби бебе во САД е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro