Почеток МАКЕДОНИЈА ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски: Давкова да ги помилува и затворените од случајот „27 април“

ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски: Давкова да ги помилува и затворените од случајот „27 април“

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Давкова да ги помилува и затворените од случајот „27 април“, порача партијата на Љубчо Георгиевски.

ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски упати апел од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги помилува и ослободи и затворените за случајот „27 април“.

Апелот на партијата која беше дел од владината коалиција преводена од СДСМ, е упатен како дел од празничката честитка по повод Денот на Македонската револуционерна борба. Во честитката меѓудругото се наведува и дека на овој ден се сеќаваме на патриотите и визионерите кои го отворија патот кон слободна Македонија. Нивниот непоколеблив дух и стремеж кон слободна држава, се додава, претставуваат темел врз кој е изградена нашата иднина и треба да ни служи како потсетник.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова претходно помилува десет осуденици, a решенијата беа објавени во „Службен весник“.

The post ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски: Давкова да ги помилува и затворените од случајот „27 април“ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro