Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ ЕДИНСТВЕНИОТ СИН ја исфрлил мајката од сопствена свадба кога видел со кого дошла: Ова било нејзината одмазда НА НЕСАКАНАТА снаа и тој  збеснал

ЕДИНСТВЕНИОТ СИН ја исфрлил мајката од сопствена свадба кога видел со кого дошла: Ова било нејзината одмазда НА НЕСАКАНАТА снаа и тој  збеснал

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Младоженец доживеал вистински шок кога видел со кого се појавила мајка му на неговата свадба. Тој им рекол на мајка си и на татко му, кои се разведени, дека треба да дојдат со новите партнери, но наместо нејзиниот сопруг, мајката избрала друга придружба.
Тој за своето тешко искушение се отворил на Reddit, каде открил дека пред три години ја запознал сопругата Џун (тоа не е нејзиното вистинско име), но неговиот избор на љубов не ја радувал мајка му.
Мајката ја имала својата миленичка, поранешната девојка на синот и нејзината несудена снаа Марго. И ја однела на свадба.
Младоженецот од оваа приказна и неговата поранешна девојка биле во врска пет години, а потоа неговите пријатели и сестра му му го привлекле вниманието колку таа била контролирачка и манипулативна. Кога ѝ кажал на мајка си дека ќе се ожени со Џун, таа била мирна. Претпоставувал дека се согласува со неговата одлука за да ја открие вистината на денот на неговата венчавка.

„После церемонијата, јас и Џун отидовме да се фотографираме, а потоа им се придруживме на гостите кои ги поканивме на свадбата која беше доста голема. Кога стигнавме, сестра ми и најдобрата другарка на жена ми дотрчаа кај нас во паника. Пред било што да каќат, забележав дека мајка ми беше на масата со татко ми, сопругата на татко ми и мојата поранешна девојка“, напишал тој.
Тој ги замолил мајка му и Марго да ја напуштат свадбата. Тие биле испратени од пријателите на младоженецот, а пред да заминат, неговата мајка ја прогласила Марго за „сродна душа“ на младоженецот и ја обвинила неговата сопруга дека „им попречува на патот на вистинската љубов“.
Семејството му се налутило затоа што ја исфрлил сопствената мајка од свадбата. И немала шанса да биде на тој важен настан на нејзиниот единствен син, пишува Mirror.
„Таа се обидела да ви го уништи специјалниот ден и имавте целосно право да ја замолите да си замине. Секоја чест на Џун што ве поддржала, така што работите останале мирни за да можете да уживате во вашиот ден. Се прашувам како сите ‘роднини’ би се чувствувале ако мајка ти тоа им го направеше ним?“, „Марго не беше таа што не те почитуваше и ја прекршила твојата доверба, иако прашањето зошто би изгледала како губитничка и би си заминала. Твојата мајка со презир постапила кон тебе и твојата сопруга и таа апсолутно требало да биде исфрлена. Делата имаат последици, ова биле оние што таа ги претрпела – таа цпотполно го заслужила тоа“., пишувале во коментарите.

Фото: Архива/Илустрација

The post ЕДИНСТВЕНИОТ СИН ја исфрлил мајката од сопствена свадба кога видел со кого дошла: Ова било нејзината одмазда НА НЕСАКАНАТА снаа и тој  збеснал appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro