Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗдравје Фитнес-експерт открива како да ослабете до Нова година

Фитнес-експерт открива како да ослабете до Нова година

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Томас Вајтхед е персонален тренер познат по тоа што споделува совети за фитнес, здрав животен стил и исхрана на социјалните мрежи.
Тој неодамна објавил видео во кое наведува пет намирници што имаат речиси нула калории и ги израдувал оние што сакаат да симнат килограми пред Нова година.
На почетокот од видеото зборува за кофеинот.

„Кофеинот е број еден состојка во 90 отсто од согорувачите на масти, бидејќи е средство за намалување на апетитот“, рекол Томас.

Како следен производ ја наведува белата риба.

„Слободно можете да јадете бела риба. Таа е еден од најдобрите протеини, бидејќи содржи само 85 калории во 100 грама, а добивате 20,2 грама протеин.“

Третиот производ кој е совршен за оние што сакаат да ослабат е секој зелен листест зеленчук.

„Одличен начин да го излажете организмот и да си го олесните согорувањето на маснотиите. Јадете што повеќе зелен зеленчук со ручекот“, открил тренерот и им порачал на сите оние што не сакаат зеленчук дека време е да пораснат.

Потоа, истакнал дека белките се чист протеин.

„Ако го надополните јајцето со дополнителна белка, тоа ја менува целата слика за исхраната“, порачува Томас и објаснува дека 100 грама белки содржат само 48 калории и речиси 11 грама протеин.

Неговиот последен предлог се свежите бобинки, кои ја намалуваат желбата за шеќер. Како што тврди, тие содржат природни шеќери и нискокалорични се, па можат да ја намалат желбата за слатко.

The post Фитнес-експерт открива како да ослабете до Нова година appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro