Девојче (14) од скопско Злокуќани рано утринава во 1 часот било пријавено за исчезнато. Исчезнувањето во полиција го пријавил нејзиниот татко.
Сепак, нешто подоцна девојчето му се јавило на таткото, но од соседна држава.
„Денеска (23.10.2024) во 01.30 часот во Полициската станица Карпош, Р.А.(48) од с. Злокуќани, скопско пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Н.А.(14).
Според пријавеното, Н.А. подоцна се јавила кај нејзината тетка и ја известила дека по своја волја заминала кај Б.Б. во Косово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“ информираат од МВР.
Текстот Taткото насекаде ја барал 14-годишната ќерка, таа му се јавила од друга држава е превземен од А1он.