Почеток БАЛКАН (ВИДЕО) Во терористички напад кај Анкара загинаа три лица, 14 се ранети

(ВИДЕО) Во терористички напад кај Анкара загинаа три лица, 14 се ранети

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Турските власти денеска објавија дека бил извршен смртоносен напад врз седиштето на компанијата Турска воздушна и вселенска индустрија (ТУСАС) во близина на главниот град Анкара, додека локалните медиуми јавија за силна експлозија на таа локација и покажаа снимки од размена на оган.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави, како што јави Ројтерс, дека најмалку три лица се убиени, 14 се ранети и дека најмалку двајца напаѓачи се убиени.

Претходно „Ројтерс“ ја пренесе изјавата на шефот на провинцијата Кахраманказан, Селим Ќирпаноглу, кој за турските медиуми изјави дека загинале три лица, а петмина се ранети.

„Извршен е терористички напад врз објекти на ТУСАС во Кахраманказан, Анкара. За жал, имаме убиени и ранети луѓе“, напиша Јерликаја на социјалната мрежа Х веднаш по нападот.

Причината за експлозијата и пукањето што следеше се уште се нејасни, некои медиуми тврдат дека се работи за самоубиствен напад.

На местото на настанот се испратени итни служби, јавува државната агенција Anadolu.

Снимката од безбедносните камери, емитувани на телевизија, покажува човек во цивилна облека кој носи ранец и држи автоматска пушка. Најмалку една жена, исто така со автоматска пушка, била меѓу напаѓачите, покажа снимката.

Телевизијата Хабертурк објави дека се случува „заложничка ситуација“ без да наведе дополнителни детали, додека приватната телевизија НТВ објави истрели по експлозијата што се случи околу 16 часот по локално време.

Според АФП, никој не ја презел одговорноста за нападот, а турското Министерство за правда отворило истрага за инцидентот.

Текстот (ВИДЕО) Во терористички напад кај Анкара загинаа три лица, 14 се ранети е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro