Страшна трагедија ги потресе Соединетите Американски Држави. Во текот на прослава во Индијана, дошло до пукање во кое животот го загубил 18-годишниот американски фудбалер Брајс Герлах, ученик во средното училиште „Коридон“.
Несреќниот млад човек бил невин, случаен минувач, кој бил убиен додека се обидувал да ги заштити со своето тело своите пријатели од пукањето.
До престрелката дошло по расправија меѓу две групи млади момчиња. Според началникот на полицијата, Тод Бејли, осомничените, по ужасниот инцидент, побегнале од местото и сè уште се трага по нив. Тие се тинејџери со темна кожа, во раните дваесетти.
Во престрелката, животот го загубија три лица, покрај Брајс, загинаа 45-годишна жена и 22-годишно момче. Сите биле на погрешно место во погрешно време.
Bryce Gerlach. 18 years old. A senior at CCHS. A whole life ahead of him. A son, brother, and friend. Loved by so many, and so many more mourn with his family and community tonight.
There are faces to these senseless acts of violence; families forever changed and incomplete. pic.twitter.com/np31UwGTCj— Alena Noakes (@Alena_NoakesTV) October 14, 2024