Словачка, една од петте земји на Европската Унија кои не ја признаваат независноста на Косово, одлучи да ја затвори Канцеларијата за врски во Приштина, четврт век по нејзиното отворање, јавуваат приштинските медиуми.
Затворањето на Словачката канцеларија за врски го потврди Министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка за Радио Косово.
Со одлука на Владата на Словачка, Канцеларијата за врски на Република Словачка во Приштина ќе биде затворена до 31 декември 2024 година, поради реорганизација на дипломатската мрежа и намалување на буџетот“, се наведува во одговорот на одделот за комуникации на словачкото Министерство за надворешни и европски работи.
Како што се наведува во соопштението, одлуката за затворање на Канцеларијата во Приштина била донесена минатиот месец.
Словачка не ја признава прогласената независност на Косово, а словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар изјави дека ставот на Словачка за непризнавање на т.н. Косово останува непроменето.
https://republika.mk/vesti/balkan/slovachkiot-shef-na-diplomatijata-stavot-na-slovachka-za-prashaneto-za-kosovo-ostanuva-nepromenet/
The post Словачка ја затвора канцеларијата за врски во Приштина appeared first on Република.