Радосна вест! Веста е кратка и јасна, но воедно и многу радосна. Рокерот Мартин Филиповски од дуото „Некст тајм“, кршачот на женски срца, завчера стана горд татко. Тој и неговата згодна сопруга, Андреа, добија ќеркичка. На девојчето му дадоа необично, несекојдневно име – Лиана.
Инаку, Мартин е во долгогодишен среќен брак со својата долгогодишна партнерка, ракометарката Андреа. Всушност, Мартин и Андреа се заедно од 2015 година, а во 2022 ѝ официјално ја побара за жена на приватна журка, без присуство на новинарите и на своите обожаватели.
Нивната црковна венчавка се одржа во нејзиниот роден град, во Кичево.
Пред да стапат на „лудиот камен“, Мартин и Андреа неколку години ја одржуваа врската на далечина, со огледа на тоа дека таа имаше многу ракометни ангажмани. Најпрво играше за ракометниот клуб „Металург“, па за турскиот клуб „Јенимале“, па за романската „Валчеа“, па за шведскиот „Боден“ и најпосле за грчкиот „Паок“.
Мартин често споделува заеднички слики со неа, на кои се гушнати, а во преден план се неговите најмили тетоважи, кои ги прави кај својот најомилен тату-артист во Скопје. Д.М.