8
Вчера во 18.50 часот на регионален пат Маврови Анови – Гостивар, на место викано „Влајница“, Ј.А.(18) од Гостивар, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Ургентен центар во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
Текстот 18-годишник тешко повреден кога со мотоциклот излетал од патот Маврови Анови – Гостивар е превземен од МАКФАКС.