Почеток „Машкиот поглед на родовата еднаквост“ – Разговор во рамките на настанот „Родот и градот“

„Машкиот поглед на родовата еднаквост“ – Разговор во рамките на настанот „Родот и градот“

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Родот и градот“ е серија на настани низ кои ги разгледуваме различните аспекти на родовата еднаквост – пред сѐ културни и општествени, како таа се разбира меѓу поединците и колективите, но и предизвиците со кои се соочуваме при нејзиното спроведување.

Првиот разговор е инспириран од потребата да иницираме нијансирана дискусија помеѓу мажите за родовата еднаквост, нешто што не го гледаме често во јавноста, а носи наслов „Машкиот поглед на родовата еднаквост“.

Разговорот ќе го модерира Ирена Цветковиќ, а како панелисти свое излагање ќе имаат:

  • Бобан Карапејовски
  • Никола Гелевски
  • Ѕвездан Георгиевски

Придружете ни се на првиот настан на 24-ти октомври (четврток), во 19:00 часот, во КОТУР!

Проектот е кофинансиран од Kvinna till Kvinna и UK International Development.

The post „Машкиот поглед на родовата еднаквост“ – Разговор во рамките на настанот „Родот и градот“ appeared first on ekran.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro