Почеток МАКЕДОНИЈА Јакимовски: Помилувањето на лицата е дел од поголем пазар меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ

Јакимовски: Помилувањето на лицата е дел од поголем пазар меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Луѓето дали треба да бидат ослободени не знам. По мене, секој што исполнил услови утврдени согласно закон, треба да добие помилување. Ако се однесувал како што пропишуваат правилата, без ралзика какво кривично дело има, треба да добие ослободување и за мене нема ништо спорно, вели градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски за листата на помилувани лица од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

За еден од членовите на Комисијата за помилување, професор Гордан Калајџиев, Јакимовски вели дека го сметал за „прилично сериозен човек и мислам дека не е човек кој што лесно можеш да го местиш“.

-Ми отвора можност дека мора да биде исполнети одредени услови за тој човек да даде согласност. Не мислам дека ова е туку така. Мислам дека е поголема игра и ова е дел од поголем пазар меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ. Ова не се академици, посочува Јакимовски.

За екс-градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески кој доби намалување на затворската казна, вели дека му починала ќерка и дека „човекот го измачија како грешен ѓавол“.

-Наскоро ќе видиме кој бил договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Ова е договор меѓу Мицкоски, раководството на ВЛЕН, Министерството за правда…

Ако бев јас претседател, овие луѓе како за прво помилување – малку тешко. Да ми дадат за помилување, прво што би прашал дали некој од овие за „27 април“ ќе стигне за помилување? Ако не стигне, никој не помилувам. Тие маченици…, додаде претседателот на ГРОМ.

The post Јакимовски: Помилувањето на лицата е дел од поголем пазар меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro