7
Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, го претрпе и вториот пораз во АБА 2 лигата оваа сезона, откако загуби на домашен терен од Хелиос Домжале со 70:72.
Пресудна беше последната четвртина, во која тимот од Аеродром влезе со позитива од пет поени (55:49), но во преостанатите десет нашиот претставник потклекна и му дозволи на противникот да слави во СЦ „Јане Сандански“.
Најефикасен кај „металците“ беше Брендон Слај со 20 поени, додека на спротивната страна прво име беше Ловро Урбија со 14 коша.