Спектакуларна прослава на 18 роденден во Србија, предизвика големо внимание на јавност. Роденденот е одбележан раскошно, толку многу што ги надминува вообичаените стандарди, а славеникот добил импресивни подароци од најблиските. Имено славеникот од дедо му добил стан во Белград, од бабата вила од 600 квадратни метри, додека родителите му подариле автомобил вреден 80.000 евра, кој е доставен право во ресторанот.
Славеникот стигнал во лимузина и уживал во шампањацот со своите пријатели пред да започне прославата.
Атмосферата ја дополниле гостите кои биле елегантно облечени, а меѓу нив бил и кумот кој расфрлал пари по ресторанот.
Кога била послужена тортата, гостите на славеникот му врачиле подароци, меѓу кои се нашле и луксузни предмети како нараквица од 7.000 евра и часовници од 18.000 евра. Врв на вечерта бил спектакуларниот огномет
@bozic.uros
The post Славеникот добил стан, вила, автомобил: Еве како изгледала најскапата прослава на полнолетство на Балканот appeared first on Република.