Почеток МАКЕДОНИЈА Струмички „Комуналец“ објави 16 анализи: Водата за пиење е исправна

Струмички „Комуналец“ објави 16 анализи: Водата за пиење е исправна

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица објави 16 микрообилошки анализи изработени од страна на акредитирани лабаратории и во сите стручното мислење е дека испитаниот примерок на вода е здравствено исправен согласно Правилникот за безбедност на водата.

-Почитувани граѓани на Струмица и населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Водоча и Баница, поседуваме 16 микробиолошки анализи изработени од страна на акредитирани лаборатории.

Во сите анализи, стручното мислење гласи: ИСПИТАНИОТ ПРИМЕРОК НА ВОДА Е ЗДРАВСТВЕНО ИСПРАВЕН СОГЛАСНО ПРАВИЛНИКОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ВОДАТА.

Само резултатот од анализата направена од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје ја немаме добиено, за кој од страна на медиумите дознавме дека не одговара на Правилникот за безбедност на водата, поради присуство на колиформни бактерии.

Во исчекување на резултатите од Институтот за јавно здравје – Скопје, продолжуваме со активностите за водоснабдување на граѓаните со питка вода се до моментот кога инспектор од агенцијата за храна и ветеринарство ни даде решение дека водата официјално е за пиење, стои во соопштението на струмичкиот „Комуналец“.

Во ноќни Фејсбук-писанија, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов најави дека неговата општина излегува од ЗЕЛС. На овој статус му претходеше друг во кој Костадинов обвини за политички пресметки откако институциите не издадоа решение дека водата во Струмица е исправна за пиење.

И градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски најави дека ќе ѝ се придружат на Општина Струмица во напуштањето на ЗЕЛС. Обвинува за „однесување како на одврзани кучиња“ на дел од министрите во Владата.

The post Струмички „Комуналец“ објави 16 анализи: Водата за пиење е исправна appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro