Почеток СВЕТ Поранешната манекенка го обвини Трамп за сексуална злоупотреба: „Тоа беше извртена игра“

Поранешната манекенка го обвини Трамп за сексуална злоупотреба: „Тоа беше извртена игра“

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Поранешната манекенка Стејси Вилијамс го обвини републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори и поранешен американски претседател Доналд Трамп дека сексуално ја злоставувал во 1993 година.

Вилијамс тврдеше дека Трамп, кој го запознала преку починатиот обвинет сексуален престапник, Џефри Епштајн, ја допирал на несакан сексуален начин во инцидент во Трамп Тауер за кој таа верувала дека е еден вид „извртена игра“ меѓу двајцата мажи, објави „Гардијан“.

Стејси Вилијамс, која работела како професионален модел во 1990-тите, изјавила дека за прв пат се запознала со тогашниот републикански милијардер Доналд Трамп во 1992 година на божиќна забава, на која отишла на покана на американскиот финансиер Џефри Епштајн, кого го познавала и претходно. Вилијамс тврдеше дека кога пристигнала, Трамп ја повлекол кон себе и ги допирал нејзините гради, како и половината и задникот. Рекла и дека поради била „длабоко вознемирена“ и дека мислела дека го видела Доналд Трамп како му се смешка на Епштајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro