5
Американската скијачка Микаела Шифрин најави дека оваа сезона нема да се натпреварува во дисциплината спуст и дека ќе се посвети на други дисциплини.
Шифрин ќе се обиде да стигне до стотата победа во Светскиот куп оваа сезона.
Неколку дена пред почетокот на Светскиот куп во скијање, Шифрин за време на онлајн прес-конференција рече дека одлучила да не се натпреварува во спуст и дека сака да се фокусира на слалом, велеслалом и супервелеслалом.
- Минатата година сакав да се подобрам во спуст, но сега сакам да се фокусирам на супервелеслалом, па решив да не се натпреварувам во спуст, за да имам повеќе време да тренирам за супервелеслалом, изјави Шифрин.
Шифрин досега забележа 97 победи во Светскиот куп, што е апсолутен рекорд.