Почеток МАКЕДОНИЈА Маж сакал да постави експлозив пред куќа во тетовско Мала Речица

Маж сакал да постави експлозив пред куќа во тетовско Мала Речица

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Приведен е 52-годишен жител на село Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од друго лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа. Полицијата покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот пронашла две неексплодирани рачни бомби, информираат од МВР.

– Денеска во 3.20 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Ц. (52) од с.Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа, а околу 10.15 часот покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот, полициски службеници пронашле две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати, информираат од МВР.

Лицето Г.Ц. е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Маж сакал да постави експлозив пред куќа во тетовско Мала Речица е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro