Почеток СВЕТ Лукашенко: Белорусија стана партнер на БРИКС

Лукашенко: Белорусија стана партнер на БРИКС

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека земјата стана партнер на БРИКС, што е задолжителен чекор пред да се приклучи на таа организација.

Во интервју за „Известија“, Лукашенко рече дека е малку изненаден од фактот што околу 30 земји изразиле желба да се приклучат на БРИКС, а повеќе од 10 земји станале партнери на организацијата, пренесува Белта.

„Тоа (статусот на партнерот) можеби е добро. Но, јас сум загрижен дека бирократите, кои ги креираат и ги предлагаат овие документи на шефовите на држави, не комплицираат сè. Дека бирократскиот апарат не ги уништува прашањата што моментално се на маса пред земјите-членки на БРИКС“, рече тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro