Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Глобалното затоплување ќе биде двапати полошо од предвиденото, предупредуваат експертите: „Дојде време на климатска криза“

Глобалното затоплување ќе биде двапати полошо од предвиденото, предупредуваат експертите: „Дојде време на климатска криза“

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Обединетите нации денеска предупредија дека актуелните климатски политики ќе резултираат со затоплување на планетата за повеќе од три степени Целзиусови до крајот на векот, иако со Парискиот договор беше договорено затоплувањето да се ограничи на 1,5 степени во споредба со прединдустрискиот период.

Годишниот извештај за штетните емисии, објавен денеска, покажа дека доколку владите не преземат мерки за намалување на емисиите, светот ќе се соочи со пораст на температурата до 3,1 степен над прединдустриските нивоа до 2100 година, пренесува Ројтерс.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека планетата е во ризичен период, нагласувајќи дека светските лидери или ќе го решат овој проблем „или ќе паднеме главоглаво во климатска катастрофа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro