Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер претрпе нов пораз на домашен терен, откако вечерва во Битола пред полните трибини во салата „Боро Чурлевски“ фаворитот Веспрем забележа победа од 30:23 (17:12). Со овој пораз по шест одиграни кола битолчани остнаа на последното место на табелата со еден бод, додека Веспрем се изедначи со лидерот на табелата ПСЖ со по 10 бодови по петтиот триумф во групата 1.
Еурофарм Пелистер единственото водство го имаа на почетокот на натпреварот со 1:0, а потоа со серија од три голови Веспрем поведе со 3:1. „Пелистерци“ намлаија и на 4:5, но унгарскиот тим направи нова серија од три голови за водтво од 8:4. Во најголем дел од првиот предноста на Веспрем изнесуваше меѓу 3-4 голови, а на полувреме гостите имаа + 5 (17:12).
Во вториот дел унгарскиот тим ја зголеми предноста на +7 во неколку наврати. Предноста во вториот дел се движеше меѓу 6-7 разлика за унагрскиот. Е.Пелистер успеа да намали на пет негатива во 55.минута (21:26).
Најдобар во редовите на Еурофарм Пелистер беше голманот Никола Митревски, кој дуелот го заврши со 14 одбрани, а најефикасен беше Филип Кузмановски. Во редовите на Веспрем голманот Родриго Коралес имаше 15 одбрани, додека Лука Циндриќ постигна 8 голови.
Еурофарм Пелистер во следното седмо коло гостува кај екипата на Фредериција, а натпреварот се игра на 31.октомври.
The post Веспрем сепак пресилен за Еурофарм Пелистер appeared first on .