8
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави денеска на самитот на БРИКС во Казан дека на светот му е потребен мир во Појасот Газа, Украина и Судан.
„Ни треба мир насекаде. Ни треба мир во Украина. Праведен мир во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание на ОН“, изјави тој пред лидерите на БРИКС, пренесува Ројтерс.
Се очекува Гутереш денеска да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Текстот Гутереш во Казан повика на прекин на огнот во Газа, Украина и Судан е превземен од А1он.