6
Еден полицаец е убиен, а друг повреден, во нападот на полициската станица во Босанска Крупа вечерва, изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ.
Тој истакна дека малолетник ја нападнал полициската станица и убил полицаец, пренесува Klix.ba.
Повредениот полицаец е хоспитализиран во тешка состојба, а портпаролот додаде дека нападот бил извршен со ладно оружје, односно со нож.