Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ Linkedin треба да плати 310 милиони евра поради незаконска обработка на кориснички податоци во Европа

Linkedin треба да плати 310 милиони евра поради незаконска обработка на кориснички податоци во Европа

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ирскиот регулатор за заштита на податоци денеска ја казни бизнис платформата Linkedin со 310 милиони евра поради незаконска обработка на лични податоци на корисници во Европската унија кои ги користела за насочено рекламирање.

Регулаторот, исто така, бара од Linkedin, компанија во сопственост на Мајкрософт, да ја усогласи обработката на податоците со Општата регулатива за заштита на податоците на Европската унија (GDPR).

Заменик-комесарот на ирскиот регулатор, Греам Дојл, во изјава рече дека обработката на лични податоци без соодветна правна основа претставува јасно и сериозно кршење на основното право на субјектот за заштита на податоците.

Компанијата Linkedin соопшти дека спорниот случај се однесува на 2018 година и додаде дека ќе се усогласи со европските правила во предвидениот рок, пренесува Bloomberg.

Linkedin, како и многу други големи технолошки компании, има свое европско седиште во Ирска, што значи дека локалните регулатори имаат задача да ги спроведуваат правилата на ЕУ.

Текстот Linkedin треба да плати 310 милиони евра поради незаконска обработка на кориснички податоци во Европа е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro