Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Книга: „Бубрег и бременост“ – за следење на бремени пациентки со хипертензија

Книга: „Бубрег и бременост“ – за следење на бремени пациентки со хипертензија

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Стручната книга „Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска се осврнува на дилемите при следење на бремените пациентки со хипертензија или со бубрежни заболувања.

Оваа книга содржи повеќе практични упатства кои се однесуваат на следење и третман кај жени кај кои бубрегот првпат е засегнат во текот на бременоста, како и кај жени кои веќе имаат бубрежно заболување. Затоа, ќе биде од корист за нефролози, гинеколози и интернисти, а можеби и за општи лекари кои водат бремени пациентки. Книгата се препорачува и за специјализантите, за време на нивното учење и практичната работа,  како и на студентите на Медицинскиот факултет, доколку сакаат да научат повеќе и ако размислуваат за специјализација во сродни области. Бидејќи публикацијата содржи конкретно упатство за водењето одредена болест во текот на бременоста, можна е директна примена во работата на лекарите од сите споменати специјалности.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro