Почеток ЕКОНОМИЈА Рокот за автопатот Кичево-Охрид може да се одложи, во ноември ќе се пуштат 2 километри од патот Скопје-Блаце

Рокот за автопатот Кичево-Охрид може да се одложи, во ноември ќе се пуштат 2 километри од патот Скопје-Блаце

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Рокот за автопатот Кичево-Охрид, кој се гради повеќе од 10 години, повторно може да се одложи, најави заменик директорот на Јавното претпријатие Државни патишта, Назим Таипи.

„Работите треба да завршат до 2026 година, но поради некои проблеми како свлечишта, прашањето за некои обештетувања, работите може да се одложат“, изјави Таипи за емисијата „Daily Click“ на ТВ21.

Тој најави и дека следниот месец треба бидат пуштени 2 километри од патот Скопје-Блаце, кои требаше да функционираат од месецов.

Вкупната должина на овој пат, кој се гради повеќе од четири години е 12,5 километри.

Фото: Влада

The post Рокот за автопатот Кичево-Охрид може да се одложи, во ноември ќе се пуштат 2 километри од патот Скопје-Блаце appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro