Почеток МАКЕДОНИЈА Реформите во правосудството не значат само менување на закони, порачаа од Министерството за правда

Реформите во правосудството не значат само менување на закони, порачаа од Министерството за правда

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Нашата иднина треба да се темели на градењето на силно, независно и модерно правосудство кое ќе ги исполни очекувањата на нашите граѓани и ќе биде во чекор со европските вредности, велат од Министерството за правда по повод 25 Октомври-Европски ден на правдата.

Според ресорот со кој раководи министерот Игор Филков, владеењето на правото е основниот столб врз кој се потпира секое модерно општество, а реформите се предуслов за градење на доверба меѓу граѓаните и институциите.

-Во изминатиот период, сведоци сме на потребата од сериозни промени во правосудниот систем кои се едни од главните предуслови за напредок во европските процеси. Европската унија е јасна-нема компромис кога станува збор за правдата.

Ние, не можеме да очекуваме економски просперитет, социјална кохезија и стабилност без правичен и независен судски систем. Секако, реформите во правосудството не значат само менување на закони. Тие вклучуваат и промена на културата на работење на правосудните институции. Потребно е постојано едуцирање на судиите и обвинителите, воведување нови технологии за подобра ефикасност, но и зајакнување на механизмите за контрола и отчетност, велат од Правда.

Овие реформи не се само национален приоритет, туку се и дел од нашата евроинтеграција, додаваат од Министерството.

The post Реформите во правосудството не значат само менување на закони, порачаа од Министерството за правда appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro