Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗдравје Д-р Игор Николов сподели лично искуство со болен од рак на дојка во фамилијата и предизвиците со кои се соочуваат

Д-р Игор Николов сподели лично искуство со болен од рак на дојка во фамилијата и предизвиците со кои се соочуваат

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Под мотото „Заедно против ракот на дојка“  во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка.

На предвањето се обрати претседателот на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Игор Николов, кој сподели свое лично искуство со болен од рак на дојка во својата фамилијата и предизвиците со кои се соочува цела фамилија.

д-р Николов се осврна на активностите кои се реализираат на ова поле. -Заедно со директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски во Букурешт потпишавме декларација за подигнување на свесноста кај ова заболување и важноста од зајакнат скрининг, посочи проф.д-р Николов.

Тој исто така информираше дека активно се работи на децентрализирање во оваа област преку регионални центри. Д-р Николов упати порака за важноста за прегледот и самопрегледот, зашто навремената детекција на ова заболување може да спаси живот.

The post Д-р Игор Николов сподели лично искуство со болен од рак на дојка во фамилијата и предизвиците со кои се соочуваат appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro