Почеток СВЕТ НАПАД ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО БИХ: Властите го уапсија 15-годишното момче кое уби еден и рани уште еден полицаец

НАПАД ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО БИХ: Властите го уапсија 15-годишното момче кое уби еден и рани уште еден полицаец

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак денеска изјави дека по нападот во Босанска Крупа, кој властите го окарактеризираа како терористички, нивото на безбедност е подигнато и дека присуството на полицијата на терен ќе се зголеми.

Во полициската станица во Босанска Крупа, 15-годишник синоќа уби еден полицаец, а рани друг.

Исак за БХРТ изјави дека единствено што може да порача е дека полицијата ќе направи се за да се подигне нивото на безбедност и граѓаните да бидат сигурни.

„Полицијата максимално ќе биде на терен за да ги лиши од слобода сите лица кои вршат криминални дејствија. Ќе работиме и на максимална превенција во вакви случаи. Останатото е во надлежност на обвинителството и судовите кои треба да изречат максимални казни за вакви случаи“, додаде Исак.

Портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ за Klix.ba изјави дека точните причини и мотиви за нападот ќе бидат утврдени по истрагата. Бегановиќ рече дека обвинителството смета дека нападот има елементи на кривично дело тероризам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro