Почеток МАКЕДОНИЈА Анализа: Посетата на Фон Дер Лајен охрабрувачка, дипломатската офанзива на Владата даде резултати

Анализа: Посетата на Фон Дер Лајен охрабрувачка, дипломатската офанзива на Владата даде резултати

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вчерашната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен доаѓа во момент кога на регионот а особено на Македонија и е потребо охрабрување и подврдување на европската преспектива, притоа нагласувајќи дека ЕУ заеднички ќе работи со македонската Влада на патот кон Унијата, вели во разговор за Курир, амбасадорот Оливер Шамбевски, одличен познавач на полето на дипломатијата.

-Вчерашната посета на претседателката на ЕК, г-ѓа Урсула Фон Дер Лајен, е исклучително корисна и е во момент кога и на Македонија и на целиот регион му беше потребно охрабрување и потврдување на европската перспектива, особено ако се земат предвид сè позбунувачките геостратегиски поместувања на мапата на светот. Ова охрабрување беше нужно за регионот и особено за Македонија, чии граѓани иако во огромно мнозинство се стратешки определени за членство во ЕУ, каде и природно припаѓаме. Цената што ја плаќа Македонија во тој процес сè повеќе е перцепирана како превисока од страна на македонските граѓани и им е нужно охрабрување дека работите сепак се движат во правилна и посакувана насока, вели Шамбевски.

Амбасадорот Шамбевски за вчерашните ставови на Фон дер Лајен искажани на вчерашната прес-конференција вели дека во светот на дипломатијата може да се протолкуват како отвореност и подготвеност на ЕК да се изнајде најоптимален начин да се гарантира дека ова барање за вметнување на Бугарите во Уставот на државата е последното барање надвор од копенхашките критериуми.

-Во врска со ставовите на претседателката Фон Дер Лајен, иако експлицитно тоа не го кажа, ниту може да каже такво нешто во оваа фаза, сепак забележителен беше начинот на кој го искажа својот став околу почетокот на македонските претпристапни преговори велејќи дека, тие (ЕК), ќе бидат постојано со Македонија во спроведувањето на обврските кои, земјава како суверена држава, ги има преземено. Тоа значи дека во процесот на имплементација на тие обврски, ЕК ЌЕ РАБОТИ со Македонската Влада во изнаоѓање начини како да се имплементира договореното, а сепак да се сочува достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани. Ова секако во светот на дипломатијата може да се протолкува како отвореност и подготвеност на ЕК да се изнајде најоптимален начин да се гарантира дека ова барање за вметнување на Бугарите во Уставот на државата е последното барање надвор од копенхашките критериуми. Ми се чини, дека сè поизвесно е дека модалитетот за стапување на уставните измени на сила по ратификувањето на пристапниот договор од страна на Бугарскиот Парламент, допрел до свеста на луѓето кои одлучуваат во Брисел, што секако мора да го сметаме за огромен успех на македонската дипломатија и здраворазумска политика на новата македонска влада, додава Шамбевски.

Тој смета дека се уште е рано да се даде дефинитивна оцена, дека македонската дипломатија се стабилизира по раскалашеноста и незаинтересираноста во минатиот седумгодишен период, но добрата поставеност на на работите се повеќе од очигледни.

-Впечатокот ми е, иако секако уште е рано да се даде дефинитивна оцена, дека македонската дипломатија се стабилизира по раскалашеноста и незаинтересираноста во минатиот седумгодишен период и првите индикатори за успех или барем на добра поставеност на работите се повеќе од очигледни. Впрочем, ако е надворешната политика огледало на внатрешната политика на секоја земја, вкупно земено, работите изгледа дека се движат во одличен правец! смета амбасадорот Шамбевски.

Дипломатската офанзива на Мицкоски даде резултат – ЕУ се согласи уставните измени да се разработат, ќе напише во својата колумна долгогодишниот и искусен новинар и уредник на порталот Плусинфо Бранко Героски.

-Искреноста и упорноста со која Мицкоски ја презентираше промената на македонската позиција во однос на ова прашање вродија со плод – неговиот предлог за уставни промени со одложено дејство, не само што доби речиси консензуална поддршка на домашната политичка сцена, туку еве, суштински ја менува и позицијата на европската „влада“ во врска со ова прашање, пишува Героски.

Претседателката на Европската комисија на прес-конференци рече: „Уставните измени треба да се разработат, тоа е важно!“ Едно е да се нареди уставните промени да се усвојат, а друго е да се каже дека уставните промени треба да се разработат. Разликата е суштинска и значајна! Тоа значи дека на уставните промени допрва ќе се работи и дека финалниот предлог мора да биде прифатлив и за Македонија, а не само за Бугарија и за ЕУ, пишува меѓудругото Героски во својата колумна.

Важно е да се напомене дека Македонија во изминатите години, за време на владеењето на СДСМ доби канонада на вета и блокади, благодарение на нивната неуспешна надворешна политика. Македонскиот народ, на избори избра промени, а самото тоа и очекувани се промените во надворешната политика, каде што и Македонија ќе биде рамноправен партнер без никакви понижувања и омаловажувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro