Компанијата Кока-Кола (Coca-Cola) објави дека повлекува 28 милиони пластични шишиња од половина литар од продавниците во Австрија поради ризикот да содржат мали парчиња метал поради техничка грешка при производството.
Компанијата објави дека се работи за „мерки на претпазливост“ и дека тесно соработува со австриските власти, како и дека се работи само за шишиња од половина литар, и тоа оние со ознака дека најдобро да се користат меѓу 4 февруари и 12 април 2025 година.
Повлекувањето не влијае на сите големини на пакувања или другите марки. Потрошувачите можат да вратат таков производ во австриските малопродажни продавници со враќање на куповната цена, дури и без да приложат сметка“, се наведува во соопштението.