Почеток МАКЕДОНИЈА Лидерот е избран најдемократски, реагираат од СДСМ на изјавите на Шилегов

Лидерот е избран најдемократски, реагираат од СДСМ на изјавите на Шилегов

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција, коментирајќи ги објавите на поранешниот градоначалник на Скопје и СДСМ-овец Петре Шилегов, изјави дека СДСМ имаше легитимни внатрепартиски избори на кои го избра новиот лидер во постапка во која учествуваа дури четворица кандидати.

https://republika.mk/vesti/makedonija/arno-ti-tekna-so-molkot-stanuvash-souchesnik-veli-shilegov/

СДСМ е најдемократска партија во државата која единствена го бира својот претседател на демократски и непосредни избори. Оттаму легитимитетот на претседателот на СДСМ не може да се оспорува. Немаме намера да навлегуваме во лични напади, и остануваме посветени на демократските принципи кои ги почитуваат различните ставови, но во рамките на цивилизиран дијалог, рече Кузеска.

The post Лидерот е избран најдемократски, реагираат од СДСМ на изјавите на Шилегов appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro