Шпанскиот кошаркарски гигант, екипата на Реал Мадрид, целосно ја надигра Црвена звезда во рамки на петтото коло од Евролига, славејќи со 95:72 на домашен терен.
Но, по натпреварот главна тема, барем во српските медиуми, е новиот скандал кој беше во режија на судиите. Имено, центарот на Реал Мадрид, Валтер Тавареш, еден од најдобрите играчи во Евролигата во последните години, беше на теренот и покрај тоа што на натпреварот му беа досудени пет лични грешки!
Во вториот дел од мечот, на Тавареш му беше досуден прекршок при напад врз Никола Калиниќ, но на семафорот беше забележан тој фаул врз репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса. Тоа никој не го забележа, дури ниту тренерот на Мадрид, Чус Матео, го извади од игра својот важен висок играч, за да го спаси од нови фаули до полувремето и да избегне проблеми во остатокот од натпреварот.
Во третиот период Тавареш се врати на паркетот, а на семафорот пишуваше дека има еден прекршок, наместо двата кои му беа покажани до тој момент, пишува српски „Спорт клуб“.
Подоцна со прекршоци врз Теодосиќ, Митровиќ и Плавшиќ доби уште три лични грешки, кои ќе беа доволни за исклучување доколку правилно му се припишеше фаулот од вториот дел. Вака Валтер остана на теренот иако требаше да го заврши натпреварот кон средината на последниот период.
Црвена звезда во тие моменти од натпреварот не беше ни блиску до израмнување на резултатот, па протестите на српскиот клуб и навивачи сигурно нема да бидат толку жестоки, сметаат српските медиуми.