Ракометарите на Охрид ќе го играат реванш мечот против романската екипа Потаиса Турда. Ова е натпревар од второто квалификациско коло на ЕХФ Европскиот Куп.
Во него охриѓани ќе стартуваат со предност од шест гола, откако првиот меч во „Биљанини Извори“ го добија со 31-25.
Искусниот Ловро Јотиќ посакува неговиот тим среќен да се врати во Охрид.
„Нé очекува еден од најважните натпревари во сезоната и би бил пресреќен да одиме понатаму.
Имаме 6 гола разлика, но одиме на победа и во реваншот.
Верувам во екипата и посакувам среќни да се вратиме во Охрид“, изјави Јотиќ.
Натпреварот Потаиса Турда – Охрид ќе се игра утре од 17 часот.
Два часа порано Алкалоид ќе го игра својот реванш дуело против Драгунас во истата фаза. Тимот од Автооманда, за Литванија замина со убедливи 11 голови предност.
The post Ловро Јотиќ: Посакувам среќни да се вратиме во Охрид appeared first on .