Почеток СВЕТ Зеленски одби да го прими Гутереш

Зеленски одби да го прими Гутереш

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации во Киев поради посетата на Антонио Гутереш на Казан во Русија каде што учествуваше на самитот на БРИКС, изјави за „АФП“ висок функционер од кабинетот на украинскиот претседател.

„По Казан, тој сакаше да дојде во Украина, но претседателот не ја потврди неговата посета, рече тој функционер кој сакаше да остане неименуван.

Антонио Гутереш дојде во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин на маргините на самитот на БРИКС, на кој, меѓу другите, присуствуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН му го повторил „неговиот став дека руската инвазија на Украина“ го прекршува меѓународното право, се вели во соопштението од кабинетот на неговиот портпарол.

The post Зеленски одби да го прими Гутереш appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro