Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Јакимовски: Мојата порака за напуштање на ЗЕЛС не е сфатена сериозно!

Јакимовски: Мојата порака за напуштање на ЗЕЛС не е сфатена сериозно!

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, рече дека ќе го напушти ЗЕЛС, доколку претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, немо ја следи целата ситуација и не преземе чекори за вразумување на министрите бидејќи се врши, како што рече, континуиран притисок врз Општината. Со Ѓорѓиевски, како што рече, ќе разговара од понеделник.

Во изјава за медиумите, дадена пред седиштето на Општина Карпош, Јакимовски рече дека неговата намера за напуштање на ЗЕЛС не била сфатена сериозно. Тој испрати порака до министрите дека мора да си ја вршат работата во согласност со закон без разлика дали им се допаѓа Општина Карпош или не.

Јакимовски и вчера најави дека ќе ја напушти ЗЕЛС, посочувајќи дека дел од министрите во Владата треба да го коригираат својот однос кон нив како градоначалници.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по најавите за излегување на Струмица и Карпош од ЗЕЛС, вчера изјави дека се надева оти ќе надвладее разумот и градоначалниците на Струмица и Карпош ќе ја преиспитаат одлуката. Како што вчера изјави Ѓорѓиевски, одлука за напуштање на ЗЕЛС носи Советот на општината.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro