Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Најдоцна за еден месец ќе се објават првите јавни набавки за општинските проекти

Најдоцна за еден месец ќе се објават првите јавни набавки за општинските проекти

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

За 20 до 30 дена треба да завршат процесите во целост и да се објават првите јавни набавки за општински проекти, што ќе бидат финансирани со поддршка од централната власт, најави министерот за локална самоуправа Златко Перински и истакна дека до крајот на ноември некаде ќе има поставување на камен-темелници.

Тој истакна дека не може да каже колку точно пари ќе се потрошат до крајот на годинава за големите инфраструктурни проектите во општините што планира да ги финансира централната власт.

– Одлуките за избор кои проекти ќе бидат финансирани треба да се објават на веб-страниците на ресорните министерства. Тие пред ден два поминаа и се објавени во службено гласило. Сепак, не може да се каже колку точно ќе се потрошат до крајот на годинава зашто имаме голем диспаритет помеѓу проектите – имаме мали проекти, но имаме и огромни. Покрај тоа, во некои локални самоуправи, зимата доаѓа многу порано отколку во другите и нема да може да се работи. Како и да е, во суштина како централна власт ги имаме преземено тие обврски. Дали ќе се потрошат парите до 31 декември или ќе се пренесат за следната година, тоа апсолутно не треба да ја загрижува локалната самоуправа. Тие секако имаат обврски кои треба да ги сработат по потпишувањето на договорите и да направат измена во нивните програми и да ги направат потребните ребаланси за да можат да тендерираат – порача Перински.

Првиот вицепремиер Изет Меџити посочи дека и Министерството за животна средина и просторно планирање има кредит од ЕИБ во вредност од околу 50 милиони евра што главно се однесува на подземна инфраструктура.

– Очекуваме до крајот на годинава 10 милиони евра од овие средства да се поделат по различни основи на општините. И таму ќе има тендерирање за решавање на реални проблеми на граѓаните со што бројката се качува на околу 150 милиони евра поддршка за локалната самоуправа само во првата година од владеењето на новата Влада. Очекувам тоа да биде поттик и за ЗЕЛС. Би ги сфатил ако бараат ова да не биде само добра волја на владата, туку да биде системско решение и да не зависи од наредните влади – истакна Меџити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro