Почеток СВЕТ АНКЕТА НА СИ-ЕН-ЕН: Трамп и Харис се изедначија со 47 отсто поддршка меѓу веројатните гласачи

АНКЕТА НА СИ-ЕН-ЕН: Трамп и Харис се изедначија со 47 отсто поддршка меѓу веројатните гласачи

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп и неговата демократска ривалка, американската потпретседателка Камала Харис, се изедначени со 47 отсто од поддршката меѓу веројатните гласачи, покажува најновата анкета на Си-Ен-Ен спроведена во САД, објавена денеска.

Анкетата, спроведена телефонски од 20 до 23 октомври меѓу 1.704 регистрирани гласачи, има маргина на грешка од 3,1 процентен поен меѓу веројатните гласачи и плус или минус 3,2 процентни поени кај целосниот примерок на регистрирани гласачи, објави Ројтерс.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември, а официјалните резултати од изборното гласање ќе бидат објавени на 6 јануари 2025 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro