Едно од „чудата“ на американскиот национален парк Јелоустоун, езерото Morning Glory, повторно е во центарот на вниманието и тоа поради нескротливите туристи. За тоа веќе пишуваа бројни медиуми, меѓу кои и Independent и Newsweek. Имено, луѓето упорно фрлаат парички во езерото за среќа, исто како што тоа го прават во фонтаните ширум светот.
Меѓутоа, проблемот со монетите е што тие толку многу ја оштетиле уникатната структура на езерцето што почнало да ја губи бојата.
„Најдовме тони од нив, веројатно илјадници монети“, изјави поранешниот чувар на паркот Џеф Хенри за Cowboy State Daily. Факт е дека отпадот кој со години се фрлаше во езерцето ја ладеше водата и дозволуваше размножување на разни бактерии.