Почеток СВЕТ ВУЧИЌ ЈА ИСПРАТИ ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Почестени сме од вашата посета, сакаме почесто да доаѓате кај нас, среќен пат и се гледаме наскоро

ВУЧИЌ ЈА ИСПРАТИ ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Почестени сме од вашата посета, сакаме почесто да доаѓате кај нас, среќен пат и се гледаме наскоро

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово на белградскиот аеродром Никола Тесла ја испрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и и се заблагодари за помошта, поддршката и разбирањето што таа, како што рече, „секогаш го покажувала кон Србија“.

Во објава на Инстаграм, Вучиќ изрази очекување дека со Лајен на чело на ЕК, партнерството на Србија со ЕУ ќе биде „посилно, поблиско и пообемно“.

– Почестени сме од вашата посета, се надеваме дека почесто ќе доаѓате кај нас, а следниот пат ќе имаме уште повеќе резултати за фалење. Среќен пат и се гледаме наскоро, додаде Вучиќ во објавата.

Урсула фон дер Лајен престојуваше во дводневна посета на Србија, како дел од балканската турнеја каде, меѓу другото, разговараше за напредокот на партнерите од Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за планот за раст на ЕУ од шест милијарди евра.

Претседателката на Европската комисија моментално е во посета на Косово, каде ќе разговара со премиерот Албин Курти, а потоа ќе отпатува за Црна Гора.

Фото: Инстаграм

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro