Почеток СВЕТ Германија во шок: 7-годишно девојче избодено до смрт од својата 13 годишна сестра

Германија во шок: 7-годишно девојче избодено до смрт од својата 13 годишна сестра

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Тринаесетгодишно девојче од германскиот град Лајпциг ја избоде до смрт својата седумгодишна сестра.

Според локалните медиуми, полицијата добила повик синоќа, а се сомнева дека девојката ја избодела својата помала сестра, која во болница им подлегнала на повредите.

Тринаесетгодишното девојче било пренесено во специјализирана болница, а полицијата не сакала да соопшти повеќе детали, пренесува „oe24.at“.

Германските медиуми нагласуваат дека се уште ништо не се знае за мотивот на страшната трагедија, но познато е дека родителите биле во друга соба и спиеле во моментот на грозоморниот настан.

Полицијата сподели само неколку детали за случајот, со оглед на тоа дека се работи за две малолетни девојчиња.

Тие изјавија дека ќе дадат поддршка на сите погодени од оваа трагедија, нагласувајќи дека ова е семејна трагедија. Тие исто така апелираа до јавноста да ја почитува приватноста на семејството додека трае истрагата.

The post Германија во шок: 7-годишно девојче избодено до смрт од својата 13 годишна сестра appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro