Почеток СВЕТ Ручал кај братот и сестрата па се вратил вечерта и ги убил, црногорската полиција трага по убиец

Ручал кај братот и сестрата па се вратил вечерта и ги убил, црногорската полиција трага по убиец

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Црногорската полиција интензивно трага по Алија Балијагиќ (62), кој е осомничен за убиство на братот и сестрата Јован и Миланка Маџгаљ во селото Соколац, кај Бијело Поље.

Според пишувањата на црногорските медиуми, осомничениот убиец е повеќекратен повратник кој бил уапсен за обид за убиство, силување и насилничко однесување, а по кого полицијата трагаше последните петнаесет дена.

Алија Балијагиќ пред 15 дена украл ловечка пушка од семеен дом и оттогаш има потера по него.

Балијагиќ вчера бил забележан во селото Соколац и наводно во текот на денот ручал во куќата на семејството Маџгаљ, а потоа вечерта се вратил и ладнокрвно ги убил братот и сестрата Јован и Миланка.

По злосторството убиецот побегнал, а полицијата почнала да трага по него, но засега успеал да побегне искористувајќи го тешко пристапниот терен.

Во потера по убиецот полицијата користи хеликоптер, беспилотни летала и кучиња, а полицијата пеш го „чешла“ целиот простор и тргнува од три правци.

The post Ручал кај братот и сестрата па се вратил вечерта и ги убил, црногорската полиција трага по убиец appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro