Почеток Бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор за да почне процесот на уставни измени, рече Мицкоски

Бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор за да почне процесот на уставни измени, рече Мицкоски

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија. Мицоски вели дека она што требало да го содржи писмото, кажано е пред лидерите од Европската Унија и претседателката Урсула Фон дер Лајен.

Мицкоски изјави дека за да почне процесот на уставните измени, неопходно е парламентот во Бугарија да го ратификува Пристапниот договор на нашата држава за влез во Европската унија.

„Мислам дека е тоа фер решение за сите имајќи ја предвид состојбата во којашто не доведе Владата во која клучниот збор го имаше Бујар Османи и позади себе ги водеше Маричиќ и Ковачевски. Сега дознавам што се правело во тој период и навистина е шокантно, затоа жестоко се бориме“, рече Мицкоски.

Додде дека додека е премиер, ултиматуми и диктати нема да прифати.

Текстот Бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор за да почне процесот на уставни измени, рече Мицкоски е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro