Почеток СПОРТ Ѕвездата на Јунајтед секој ден се моли ЕТХ да добие отказ

Ѕвездата на Јунајтед секој ден се моли ЕТХ да добие отказ

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Англиските медиуми објавија вест која не е толку вообичаена кога е фудбалот во прашање. Тие открија дека еден фудбалер на Манчестер Јунајтед секој ден се моли актуелниот менаџер, Ерик Тен Хаг, да добие отказ.

Станува збор за Хари Мегваер, кој според Англичаните само чека и се моли секој ден Тен Хаг да добие отказ, и да му го види грбот кога ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Се уште се чека одлуката на Мегваер дали ќе остане во Манчестер Јунајтед, а тоа очигледно зависи од тоа дали ЕТХ ќе остане во клубот или ќе добие отказ.

Репрезентативецот на Англија има различни проблеми од неговото доаѓање во Манчестер Јунајтед, а главната причина биле различните грешки кои ги има направено на претходните натпревари.

Кога Тен Хаг пристигна во Манчестер Јунајтед, ниту на Мегваер не му даде премногу простор за игра, но Англичанецот се надеваше дека ќе го промени тоа.

Сепак, после тоа Тен Хаг реши да му ја одземе капитенската лента на Мегваер, па го пресели на клупата, а потоа многу работи му стана јасни на поранешниот фудбалер на Лестер.

Во последно време многу се зборува дека Тен Хег ќе добие отказ од клупата на Манчестер Јунајтед, а на таа позиција би требало да го замени Зинедин Зидан.

Мегваер има неколку понуди и би можел да ја промени средината во јануари, но според англиските медиуми тој секојдневно се моли Тен Хаг да си замине за да може да остане во клубот.

Очигледно Мегваер има информации дека Тен Хаг наскоро би требало да стане поранешен и покрај победата против Брентфорд и не престанува да се надева на заминување на Холанѓанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro