Почеток СВЕТ Фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер бидејќи се сретнал со руски министер

Фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер бидејќи се сретнал со руски министер

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ закажана за денеска за време на нејзината посета на Белград, а причина беше неговата средба со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков, јави „Н1 Хрватска“ повикувајќи се на белградски медиуми.

Откажувањето на средбата Фон дер Лајен-Вучевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдил портпаролот на ЕК Ерик Мамер, а за АФП шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.

– Го откажавме состанокот со (српскиот) премиер по (неговиот) состанок со министерот за економија на Руската Федерација, додаде Жофре и, според извештајот на агенцијата Бета, изјави дека „таму била назначена намерата на Србија да ги зајакне своите економски односи во други области со Руската Федерација“.

The post Фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер бидејќи се сретнал со руски министер appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro