Професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев преку својот Фејсбук профил соопшти дека членовите на Комисијата за помилување поднесуваат колективна оставка од позициите.
„Почитувани,
Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување.
Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи.
Со почит,
Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ,
Др. Зора Митиќ,
М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска
Ајтен Шаќири “, напиша тој на својот Фејсбук профил.
The post Комисијата за помилување поднесе колективна оставка appeared first on Локално.