Почеток СВЕТ ИДЕЈАТА МИРУВА СО ГОДИНИ, сега пратениците во ЕК бараат укинување на летното сметање на времето

ИДЕЈАТА МИРУВА СО ГОДИНИ, сега пратениците во ЕК бараат укинување на летното сметање на времето

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пратениците во Европскиот парламент повикаа на укинување на летното сметање на времето во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави агенцијата ДПА.

Во Европа, оваа ноќ часовниците се враќаат еден час назад.

Во писмото се наведува дека сегашниот систем е застарен и дека укинувањето на промената во пресметката на времето е во согласност со определбата на ЕУ да ги намали непотребните оптоварувања за граѓаните и да го олесни секојдневниот живот во 27 земји-членки.

Група од 67 пратеници од различни земји и фракции го потпишаа писмото. Тие апелираа до Европската комисија брзо да се справи со ова прашање.

Во 2018 година, Европската комисија спроведе анкета меѓу европските граѓани за ова прашање. Јасно мнозинство од 84 отсто гласаа против промена на пресметката на времето.

Тогашниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, најави крај на оваа практика подоцна истата година.

Сепак, пред тоа да биде официјално потврдено, членките на ЕУ мора да се договорат дали сакаат трајно да го прифатат летното или зимското сметање на времето.

Бидејќи за ова нема договор, темата со години е во мирување.

Унгарија изјави дека нема да се занимава со ова прашање за време на актуелното претседавање со Европскиот совет, пишуваат агенциите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro